еМагазин
Image default
Техно

A1 Business со нова атрактивна понуда

Со цел засилување на процесот на дигитална трансформација, и задоволување на потребата на компаниите за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за водење на своите бизниси, A1 Македонија го збогатува A1 Business тарифното портфолио со нова понуда со исклучително поволни бенефиции дизајнирани да овозможат уште поголем избор и уште повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент, информираат од таму.

Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакетот, корисниците добиваат брз и стабилен интернет преку супериорна оптичка мрежа за својата канцеларија, како и дополнителни поволности во облик на уште поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди.

За уште поголема безгрижност и дополнителна безбедност при користење на мобилните услуги на најбрзата мобилна мрежа, за нова активација или обнова на Mobile Business Pro портфолиото, А1 нуди и три месеци бесплатно осигурување на екранот за избраниот телефон и три месеци бесплатно користење на  A1 Net Protect.

Дополнително, со склучување или обнова на договор на 24 месеци  за тарифниот модел А1 Net Business L и две мобилни линии на A1 Business Pro M, деловните корисници добиваат и можност да добијат нов смарт телефон Xiomi 12T за само 299 денари месечно.

-А1 Македонија, компанијата носител на признанието Best Buy Award, за најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот за мобилен интернет според мислењата, искуствата и изборот на потрошувачите во земјава, со новата промоција дава можност деловните корисници да направат избор на еден од тарифните модели во A1 Business Pro и да добијат неограничен интернет, 5G достапност, вклучен роаминг сообраќај како и можност за зголемен буџет за набавка на уред согласно тарифата која ја избираат.

Со оваа најнова промоција за деловните корисници, уште еден доказ за посветеноста на А1 Македонија кон градењето партнерски однос со деловните корисници кои се инспирација за креирање на најдобрите понуди на пазарот, велат од таму.

Повеќе детали за најновата промоција прочитајте на www.a1.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком прославува 100.000 Magenta 1 семејства

Редакција

Samsung соработува со Google, партнери за апликации и Android развивачи за да овозможи непречено преклопувачко искуство со Galaxy Fold

Редакција

(ВИДЕО) Светот за прв пат ја виде Црната дупка

Редакција