еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Интерактивна изложба за млади: Вселена. Човек. Интелигенција

Вселена.Човек.Интелигенција. е интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува ширум светот, а од 03.-28.04.2023 ќе може да се посети во изложбениот простор на Културно-информативниот центар во Скопје.

Изложбата ги претставува сегашните и идните истражувачки проекти од Германија и поставува значајни прашања кои се однесуваат на нас како жители на Земјата и на кои ние се обидуваме да одговориме: Од каде доаѓаме? Каде одиме? Што не прави да бидеме луѓе?

Изложбата обработува пет големи тематски области: Вселена, Историја на човештвото, Мозок, Антропоцен и Вештачка интелигенција.

За секоја од наведените теми постои соодветна станица, на која посетителите на забавен начин и со интерактивни елементи може да дознаат повеќе за темите како што се на пр. компјутерско преобразување (морфинг) на лице, прикажувања на растојанија во вселената со помош на атмосферска обвивка, инсталации, со коишто може да се доживеат различни емоции преку влијанието на музиката или интеракцијата на роботите и сл.

Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им покаже дека истражувањето во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура.

Изложбата беше официјално отворена од страна на продеканката на ФИНКИ, Магдалена Костоска, заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф и основачот на апликацијата „Мој воздух“, Горјан Јовановски.

Потоа, истата е отворена за посетители до 28 април секој ден од понеделник до петок од 10 до 20 часот и сабота од 10 до 14 часот. Содржината на изложбата е на германски јазик, а достапен е превод на англиски јазик. Влезот е бесплатен!

На посетителите ќе им биде понудено водење низ изложбата како и забавни задачи за изложбата во времетраење од 60 до 90 минути. За време на изложбата ќе се нудат и презентации на можности за студирање во Германија од страна на Асоцијацијата на кариерни советници, кариерно советување од Германската служба за академска размена и други настани наменети за млади.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Атиџе и семејството од „Медена земја“ ќе добијат домови, а авторите на филмот државна награда

Редакција

Високи оценки за девет премиум вина на „Tikveš Châteaux & Domaines”

Редакција

На Оревче денеска почнува првиот Филмски фестивал на плажа

Редакција