Со паролата „Доле мафија, правда сега”, синоќа ВМРО – ДПМНЕ, го одржа новиот протест како што велат тие, против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство’.
Маршот предводен од претседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, почна од Министерството за правда и заврши пред објектот на Јавното обвинителство на РСМ од каде беа упатени пораки до власта.
Мицкоски во обраќањето на протестот рече дека четири години гледат само неправда, а најдобар доказ за ова, како што рече, е тоа дека за четири години ниту еден министер, ниту еден директор уште не одоговарал за злоупотреба или криминал.
Тој го критикуваше Обвинителството дека „не постапува во случај кога во државата се затвора банка од 200 милиони евра, односно за тоа дека со панамски пари во Тетово, се купува земјиште“.
– Гордана Јанкулоска ја однесоа во затвор за мерцедесот, а мерцедесот го возат сами тие. Не може да има владење на правото додека не се вештачи телефонот на Бојан Јовановски во случајот „Рекет”, не може да има владење на право додека не се расветли „Рекет 2″.
Нас ни треба правда за обичниот човек. Заев и СДСМ се најголеми непријатели на правдата. Најголемите напади врз мене се затоа што не сум се договарал, рече Мицкоски.
Тој уште еднаш го повтори ставот дека опозицијата треба да го предложи идниот јавен обвинител и истакна дека Заев бега од ова прашање.
На првиот ваков протест за правда организиран од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побара од премиерот Зоран Заев, да го одржи зборот и да овозможи предлогот за јавен обвинител да го даде опозицијата, исто како што бараше во време кога беше во опозиција.
Но, ден потоа доби одговор од министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој посочи дека вистина дека имаше предлог од СДСМ за такво нешто, но опозициската ВМРО-ДПМНЕ избега и ги напушти преговорите. Според него, сега не е време за промена на Уставот, односно тие како власт имат други приоритети во однос на владеењето на правото.
МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ