еМагазин
Image default
Македонија

Заев не открива детали за барањата на Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска нагласи дека македонската и бугарската страна имаат разговори и дека целта е земјата да оди напред, за што верува дека од нашата страна се прават максимални напори.

Заев ова го кажа одговарајќи на новинарски прашања во врска тврдењето, кое го изнесе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека Бугарија сега бара практично да се потпише нов договор, кој ќе биде сличен на Преспанскиот и кој ќе предвидува уставни измени.

-Не знам на што мисли Мицкоски точно, но ние имаме разговори, дел од тие разговори се со пишани материјали, мора да ги дадеш формулациите со кои се разговара, а јас не би ги коментирал.

Одговорни сме, сакаме земјата да ни оди напред и верувам дека ги даваме максималните напори и посветеност, имаме позитивни аспирации, внимание, пријателство за да ги постигнеме договорите, рече Заев.

Нагласи дека најважно во моментов е максимално да ги заштитиме нашите интереси, при тоа водејќи грижа и за интересите на бугарската страна.

-Веќе кажав дека со вакви предлози нашиот народ треба да знае дека постои можност да не се одржи првата Меѓувладина конференција, но кажав и дека тоа не ниту во наш интерес, ниту во интерес на бугарскиот народ. Напротив тоа е наша стратешка цел како држава, а верувам дека тоа не е во интерес ниту на премиерот Борисов, верувам ниту на претседателот Радев, појасни Заев.

Затоа, нагласи, даваме шанса да продолжат понатаму нашите министри, советниците од кабинетите, сите стручни луѓе кои учествуваат во ова да разговараат за да се изнајде решение.

– Решение може да се изнајде. Кога зборувате за нешто што ви е дел од веќе прифатени и усогласени работи, како што е заедничката историја. Тогаш треба да бидете паметни и да го искористите тоа за пријателство, а не за непријателство и за поделби, тука е суштината. Затоа сме вака внимателни и не навлегувам во суштината на одговорот директно.

Треба да се даде шанса на успешни процеси на разговорите. Досега успеавме, земјата ни оди напред, можеме да ја ефектуираме одлуката за почеток на преговорите со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, истакна премиерот  Заев, по отворањето на новиот производствен капацитет на „НЈСК Холдинг“ во индустриската зона Ќојлија, Општина Петровец

На прашањето дали имало реакција од Германија и од други држави по неговата изјава дека е можно да не се одржи првата Меѓувладината конференција, премиерот Заев информира дека имало реакција од сите и сите, како што рече, реагираа соодветно онака како што можат, затоа што нашите пријатели се згрижени за успешниот процес.

– Навистина сме редок, исклучително позитивен пример во сите евроинтеграциски и евроатлантски процеси, кои се пред нас и не сакаат секако да имаат пречка. Тука ќе застанам, ако навлезам подалеку може да ја повредам другата страна и на тој начин да ги намалам шансите за успешни разговори, изјави премиерот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски прашува дали Захариева барала нов договор со уставни измени, Османи вели дека не коментирал шпекулации

Османи тврди дека Бугарија не барала нов договор со уставни измени

Учебниците по историја една од темите на македонско-бугарската комисија која ќе се сретне утре и задутре во Скопје

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

112 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Канцеларијата на Меркел без детали за сребата со Заев

Редакција

Гаши го брани Исмаили, бил чист како солза, ако се утврдила вина ќе поднел оставка

Редакција