Александар Пандов, кој е избран за прв човек на Партискиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, беше во посета на Опшинскиот комитет (ОК) Ресен. Но, она што остава впечаток е што Пандов и сите членови на ОК Ресен го послушаа министерот за здравство, Венко Филипче и во затворена просторија ставија маски, што е една од мерките за заштита од вирусот.
Фотографиите објавени на фејсбук-страницата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ресен, следуваат откако Филипче вчера на Твитер реагираше дека членовите на ВМРО-ДПММНЕ бараат одговорност од власта за корона вирусот, а од друга страна тие не ги почитуваат мерките, бидејќи на фотографија од состанок на партијата во затворена просторија на која беше и Пандов, речиси никој не носеше маски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук/Пандов