Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 11. октомври покажуваат дека Скопје, Струмица и Тетово се во 4. фаза во поглед на ширењето на Ковид-19.
„Проценката на Светската здравствена организација (СЗО) на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека: Скопје, Струмица и Тетово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
Гевгелија, Берово, Кочани, Штип, Свети Николе и Крива Паланка се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи)„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 514 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија