Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во интервју за бугарското радио „Дарик“ изјави дека е подготвен да испрати инженерски полк за да ги отстрани спомениците и спомен-плочите во Македонија на кои што пишува „бугарски фашистички окупатор“.
Тој кажа дека услов за Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ во декември е да се откаже од тие споменици и плочи.
„Ако треба ќе им го пратам инженерскиот полк да им помогне да ги тргнат побрзо или ќе им пратам од мојата организација ВМРО, ќе ги тргнат за 24 часа. Не можеме да дозволиме една држава да гради идентитет на база на учебници во кои се вели дека Бугарите биле убијци, фашисти, Татари, окупатори… Држава која со политиката создава национално малцинство во Бугарија и ја загрозува територијалната целост на Бугарија“, изјави Каракачанов, кој е лидер на партијата ВМРО-БНД.
Тој вели дека Бугарија има притисок од Брисел да попушти да дозволи почеток на преговорите, како и дека притискаат некои држави кои не можат да влезат во суштината на спорот.
Фото/Видео: Youtube/Darik
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Благодариме „браќа“ Бугари што ни го јакнете идентитетот