еМагазин
Image default
Македонија

Стевановиќ уште еднаш упати апел граѓаните да помогнат на лекарите и да ги почитуваат мерките

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ информираше дека е започната хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката.

„Постои систем на мобилизирање на медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички. Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега,“ вели Стевановиќ.

Модуларната болница има капацитет од 70 кревети и истата е целсоно опремена за третман на пациентите со Ковид-19.

„Модуларната болница е целосно опремена. Централен довод на кислород до секое легло и се она што ни е потребно од опрема и функционира на клиниката, го има и во модуларната болница,“ додаде таа.

Таа изјави дека заради динамиката на приеми и исписи не може да се даде предвидување како ќе се полнат болничките капацитети, но она што можело да се предвиди и на што сѐ уште апелираат е придржувањето кон мерките како единствен начин за лична заштита и превенција од ширење на вирусот.

„Истите мерки важат насекаде во светот, многу едноставни и лесни за придржување. Само треба дисциплина, а таа сега ни е исклучително потребна. Држете дистанца, избегнувајте групирања, носете маска,“ потенцираше Стевановиќ.

Таа уште еднаш побара помош граѓаните да им помогнат на здравствените работници кои треба да издржат во оваа битка.

„Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние кои навистина имаат потреба од хоспитализација,“ потенцираше таа.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот обвинител Јовески: Парите во „Рекет“ се давани во кеш во два наврата, знаеме од кои сметки се обезбедени

Редакција

МОСТ: Одѕивот до 10 часот 6,6 отсто, неправилности на две гласачки места

Редакција

Ковачевски му одговори на Мицкоски: Уцени не прифаќам, нема потреба од средба за избори

Редакција