Одложено е судењето за случајот познат како „Меѓународен сојуз” поради повторно влошување на здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Судењето е презакажано за 28 октомври.
Боки 13 од понеделникот повторно е во болница. Тој и претходно беше хоспитализиран поради проблеми со желудникот, но минатата недела бил вратен во притвор во затворот во Шутка.
Неговиот адвокат Сашко Дуковски во неколку наврати укажа дека Боки 13 е болен и дека неговата здравствена состојба треба да се сфати многу сериозно. Сепак, одбивано беше барањето да му се определи куќен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Боки 13 имал дупка во желудник, ако не бил опериран ќе настанела сепса, вели неговиот адвокат
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.