еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

А1 Македонија со повеќе претплатници на мобилна телефонија од Македонски телеком

Заклучно со вториот квартал годинава во државава имало 1.777.194 активни претплатници во мобилната телефонија, а во вкупниот број активни претплатници телекомуникацискиот оператор А1 Македонија има удел од 51.27 проценти, Македонски телеком од 45,96 проценти, Лајкамобајл од 1.76 проценти, а Роби од еден процент, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Македонски телеком со 50,48 проценти има најголем удел во приходи од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во вториот квартал годинава, додека уделот по тој основ на А1 Македонија изнесува 45,11 проценти, на Лајкамобајл 0,59 проценти, на Роби 0,82 проценти.

Во тек на април, мај и јуни годинава преку мрежите на мобилните оператори се остварени 1. 452.425.039 минути разговор, од кои кон мрежи во странски држави 2.898.142 минути, а 470.712 минути реализирале претплатници на домашен оператор кои роамирале надвор од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А1 Македонија со поголем удел од Македонски телеком на пазарот на „мобилен интернет“

Намален бројот на претплатници во мобилната телефонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брисел сѐ уште се надева дека Скопје и Софија можат да постигнат компромис

Редакција

Нови авионски линии од Анкара, Измир и Истанбул до Скопје и Охрид

Редакција

Не смееме да си дозволиме авантури, на државата и е потребна стабилност, рече Груби по средбата со Заев

Редакција