еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Караџовски: Сите сме во опасност, од Ковид-19 може да почине и човек без хронично заболување

Сите сме во опасност од Ковид-19, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување. Ова е опасно заразување, да не се занесуваме, нагласи Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести во интервју на Канал 5 телевизија.

Тој потецираше дека да имаше толку хоспитализирани и починати колку што имаме периодов, ниту една држава нема да може да се справи со сместувачки капацитети за пациентите.

– Во контекст на намалување на заразата здравствените власти донесоа нови мерки чии резултати од почитувањето ќе се знаат за три до четири недели, рече претседателот на Комисијата.

Според Караџовски, само доследно почитување на мерките може да се очекува намалување на бројот за заразени.

– Кога во април и мај се намали бројката на заразени, а здравствените власти ги намалуваа мерките народот мислеше дека е готово, пандемијата заврши. Ние никогаш не сме рекле дека завршила пандемијата. Оттогаш наваму се менуваа работите и сега имаме страшни бројки, изјави Караџовски.

Тој уште еднаш посочи дека ако се внимава со кого се контактира и ако се носи маска и дистанца тогаш вирусот може да се избегне.

– Носете маски, почитувај мерки, внимавај со кого седнуваш на работа, со кого контактираш дома, ако сето ова принципиелно се почитува тогаш е полесно да му се спротивставиме на вирусот, апелираше Караџовски

Тој посочи дека веќе сме во период на слави кои ќе продолжат во следните три месеци.

– Но што се случува на тие домашни прослави? Понекогаш изгледаат како мали свадби, десетици гости во затворено, па уште и никој ако не носи маска, тогаш имаме потенцијално жариште. Затоа повторувам дека неодговорните и оние кои мислат дека вирусот не им е закана се највиновни за пренесувањето на заразата.

Мислам дека поголем дел од луѓето почитуваат мерки, но токму заради оние кои не ги почитуваат стигнуваме до овие бројки, потенцираше Караџовски.

Тој потврди дека целата Комисија работи без паричен надоместок, а тој лично тоа го прави 26 години и затоа сите обиди за нивна дискредитација се неосновани.

– Јас не работам за пари, ниту за углед, туку работам професионално за да ги заштитам пациентите. Проблемот е во тоа што многумина им веруваат на нестручните лица и така придонесуваат во ширењето на вирусот, рече Караџовски.

Тој потенцираше дека нашите капацитети се ограничени и нашите епидемиолози и инфектолози се ограничени.

– Затоа да се чуваме секој поединечно, а со тоа и колективно. Ќе ги повикам сите граѓани- чувајте не нас за ние да ве чуваме вас. Само така е можно да се справиме со вирусот. Не слушајте секого, има лекари, има комисија, има мерки…, истакна претседателот на Комисијата.

Тој уште еднаш повтори дека најважно е сега носењето маски, држењето дистанца, миењето раце и избегнувањето групи. Ако ова се почитува, како што рече, тогаш можеме да очекуваме намалување на бројките.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска претежно сончево време, со утринска магла по котлините

Редакција

52-годишна тетовчанка дури три пати се заразила со Ковид-19

Редакција

Маските се враќаат во здравствените установи

Редакција