еМагазин
Image default
Македонија

Армијата ќе помага во обезбедувањето на болниците

Владата на синоќешната седница го прифати предлогот на Министерството за здравство за ангажирање на припадниците на Армијата во обезбедувањето на болниците како дополнителна помош на припадниците на МВР.

Владата заклучи за ова да побара согласност од претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски.

Шефот на државата на минатонеделната седница на националниот Совет за безбедност, изрази подготвеност, доколку Владата побара, да стави на располагање колку што е потребно припадници на Армијата како логистичка поддршка во борбата против пандемијата.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прашањето со ФФМ ќе се реши врз основа на Договорот од Преспа и правилата на УЕФА, вели Заев

Редакција

Сите детали: Ќе се гласа за прв пат три дена, почнувајќи од утре

Редакција

Преку КОВАКС механизмот ќе пристигнат 38.400 вакцини „АстраЗенека“ на 14 мај

Редакција