еМагазин
Image default
Македонија

Дванаесет лекари, медицински сестри и техничари од болницата во Струмица позитивни на Ковид-19

Девет лекари и медицински сестри и тројца техничари од Општата болница во Струмица моментнално се во изолација откако било потврдено дека се позитивни на коронавирусот.

Заради тоа неизвесно е кога ќе биде отворен дополнителниот оддел за прием на ковид-пациенти во новото болничко крило.

Ова го соопшти директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, кој информира дека дел од заболениот медицински персонал имаат полесна клиничка слика, а дел се асимптоматски.

-Тоа ни го отежнува и вкупното работење на болницата, а почнувањето со работа на новиот оддел ќе зависи од расположивиот персонал. Треба да ни дозволат да направиме прием на персонал, сестри и лекари, за да може некој да работи таму, рече директорот Гогов.

Во Струмичката болница моментно се лекуваат 100 пациенти, од кои 45 се хоспитализирани, а останатите 55 се лекуваат со примање терапија во дневната болница.

Според вчерашните податоци, во струмичкиот регион има 586 активни случаи на Ковид-19 дијагностицирани, а завчера беа регистрирани шест смртни случаи во едно деноноќие.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од членовите на судечкиот совет бил на болничко лекување, одложено судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Бројот на активни случаи од Kовид-19 е 2.950: Последен пат, бројка под 3.000 е регистрирана на 23 јуни

Редакција

Пациент позитивен на Ковид 19 се маскирал во доктор и избегал од болница, полицијата го вратила

Редакција