еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети се јави по потврдата на обвинението за Тачи: Војната на ОВК беше праведна

Преку соопштение по оставката на косовскиот претседател Хашим Тачи, откако беше потврдено обвиненеието за воени злосторства, преку соопштение се огласи лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети.

“Војната на Ослободителната војска на Косово беше праведна војна на албанската нација за слобода и самоопределување, но исто така и за правда и владеење на правото, демократско и кохезивно општество, ориентирано кон евро-американските вредности.

Убеден сум дека моите пријатели, мои соборци, ќе бидат сведоци на правичната војна на Ослободителната војска на Косово и ќе се вратат како победници, целосно почитувајќи го владеењето на правото и локалната и меѓународната правда.

Знам, како јас така и моите другари, ако имавме уште по еден живот, втора можност да се бориме за слобода и еднаквост, ќе го сторевме тоа повторно затоа што верувавме и верувавме во правото на нашата нација.

Сите наши достигнувања во овие децении ги реализиравме заедно со нашите меѓународни пријатели и заедно почитувајќи ги вредностите прифатени од сите нас, ќе го завршиме нашето патешествие кон слободата, независноста, правдата и интеграцијата.

Владеењето на правото и вистинската неселективна правда се целта на сите нас и затоа им честитам на лидерите на Косово кои на најдостоинствен начин одговорија на повикот за правда и им посакувам брзо враќање на нивните должности“, пишува Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовскиот претседател Тачи поднесе оставка откако му се потврди обвинението за воени злосторства

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во полициска акција „Бегалец“ уапсени синовите на убиениот Дилавер Бојку – Леку

Редакција

Изнесени докази од Обвинителството за предметот „Шпански скали“, судењето продолжува на 11 мај

Редакција

Видео од стравичната сообраќајка во Србија во која загинаа и двајца македонски државјани

Редакција