еМагазин
Image default
Македонија

Врховниот суд ја поништи пресудата за убиството на матурантот Ангел во Ѓорче Петров, кој беше убиен со нож

Пресудата за убиството на матурантот Ангел Петковски е укината на 30-ти септември од страна на 5-член совет на Врховниот суд, објави телевизијата Телма, повикувајќи се на судски извори.

Процесот според Врховниот суд треба да се врати на почеток за да се утврдат сите процесни законски можности во врска со првото судење и со доказната постапка.

Петковски беше убиен со нож на кејот на реката Вардар во скопската населба Ѓорче Петров на 19. мај 2014 година.

Осомничениот беше фатен многу бргу по настанот.

Тинејџерот Насер Ештрефи од општина Сарај беше осуден на 14 години затвор за убиството.

Одбраната на осудениот тврдеше дека станува збор за самоодбрана, бидејќи бил нападнат од жртвата и неговиот татко кои го бркале затоа што сакал да им украде велосипед од дворот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа седум лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.455

Редакција

Разочарани сме од одложувањето на датумот за почеток на преговорите, рече Џафери на средба со европратениците Шидер, Ќучук и Валсман

Редакција

Судењето за нападот на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

Редакција