еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Косовскиот претседател Тачи поднесе оставка откако му се потврди обвинението за воени злосторства

Претседателот на Косово, Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата откако му беше потврдено обвинението против него пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово со седиште во Хаг.

Во своето вонредно обраќањето на јавноста, Тачи нагласи дека нема да дозволи „да му се суди на еден претседател на Косово“ и порача дека ќе соработува со Судот во Хаг.

– Пред неколку моменти бев информиран од надлежни лица дека официјално судија го потврдил обвинението против мене. (…) Со цел да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, јас денеска поднесувам оставка од пртеседателската функција. Се чувствувам многу горд за одговорноста која ја понесов, изјави Тачи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија ќе го премести нуклеарното оружје во близина на границата на НАТО

Редакција

Нови 1.129 случаи на Ковид-19 од 4.045 тестирања

Редакција

(Видео) „Има позитивни поместувања, но овие сигнали не ги намалуваат експлозиите на руските гранати,“ вели Зеленски по преговорите во Турција

Редакција