еМагазин
Image default
Македонија

Лекарката Чолакова-Дервишова: Имаме преголем притисок од исплашени пациенти

Лекарите од примарното здравство имаат преголем притисок од исплашени пациенти. Како лекарска фела бараме од пациентите да ја смират целата ситуација и да се направи добра тријажа-распоредување и групирање на болните во групи според природата на болеста, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.

Таа порачува пациентите кои имаат сезонски настинки да седат дома и да добијат информации по телефон, а рецептите да ги земе некој член од семејството.

-Оние кои се потешки случаи мора да бидат прегледани. Сите болести не можат да се лекуваат преку телефон, туку мора да има лекарски прегледи, бидејќи имаме пациенти и со мозочни удари и инфаркт, вели Чолакова Дервишова во изјава за МИА.

Апелира граѓаните кои немаат симптоми на Ковид-19, да не се тестираат.

Информира дека претставници на здружението на приватни лекари деновиве оствариле средба со министерот за здравство Венко Филипче и барале решавање на нивните проблеми.

МИА/Фото: Фејсбук/Дервишова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сега попишани вкупно 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови

Редакција

Трета доза на вакцина примиле вкупно 48.087 граѓани

Редакција

Почна масовно тестирање на работници во штипската конфекција од која се шири корона вирусот

Редакција