еМагазин
Image default
Македонија

Поранешната хемодијализа ќе биде новиот ковид центар во Гостивар

Гостиварската општа болница ги проширува капацитетите за прием и лекување на заболени со Ковид-19, а се реши на ваков чекор поради зголемениот бројо нови случаи.

Директорот на болницата „Ферид Мурад“, Јакуп Јакупи потврди за МИА дека капацитетот на инфективното одделение е целосно исполнет, а по препораките на здравствените власти, почнале со подготовка на објектот во кој функционираше поранешната хемодијализа.

Тој посочи дека опремувањето и преправките се при крај и најверојатно викендов новиот ковид центар ќе биде ставен во функција. Според најавите од болничката управа, во наредниов период, потешките случаи ќе се примаат и згрижуваат во овој објект.

Од инфективното одделение информираа дека се соочуваат со зголемен обем на работа. Отаму препорачуваат, лицата кои имаат симптоми да не се лекуваат на своја рака. Задолжително да се јават на преглед и да не дозволат здравствената состојба да им се влоши.

Дежурниот инфектолог Енес Мемеди вели дека згрижените пациенти на одделението имаат просечна возраст која е над 60 години, а имаат и други заболувања.

Мемеди посочува на податок дека за разлика од претходниот период, пациентите кои сега се хоспитализирани имаат средна и тешка клиничка слика.

Инфектолозите предупредуваат дека состојбата може се влоши, со оглед на тоа што кај нив сé почесто доаѓаат случаи со сериозни симптоми. Од друга страна пак, како што вели Мемеди, има случаи што влеваат оптимизам во справувањето со вирусот. Тој го наведе излекувањето на 98 годишна пациентка која била згрижена на нивното одделение.

Од секторот за образование во општина Гостивар, потврдија дека се регистрирани случаи на заболени деца и вработени во училиштата и градинките, но засега состојбата не е алармантна.

Според одговорната во секторот, Аслијан Снопче од отворањето, во градинките две воспитувачки и една негувателка имале позитивни тестови, а во училиштата седум вработени и четворица ученици.

Од почетокот на пандемијата во Гостивар, 1.371 лице се заразиле со корона вирусот, а до вчера 340 се водат како активни. Заради последици од Ковид-19, починале 63 лица.

МИА/Фото: Општина Гостивар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Монструм“ одложено поради смртен случај на еден од поротниците

Редакција

На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да бидат внимателни со кого споделуваат лични податоци, апелираат од МВР

Редакција

Нови 47 случаи на Ковид-19 од 3.593 тестирања

Редакција