еМагазин
Image default
Локално

Приведени трoјца скопјани: Ги фатиле додека краделе од автомобил на Средно Водно

Полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје денеска околу 13 часот на Средно Водно ги лишиле од слобода Д.Д. (33), Ф.Д. (27) и Е.Н. (17), сите од Скопје, кои биле затекнати при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „Фолксваген Поло“ со бугарски национални ознаки.

Како што информира МВР, при преглед кај нив биле пронајдени украдените предмети, а исто така кај Д.Д. бил пронајден и блокатор.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возач на автобус нападнал малолетник

Редакција

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, поради одржување на трката „Водно 10К“

Редакција

Штипјанка сакала да прошверцува марихуана при посета на сопругот во затвор

Редакција