Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 2 до 8. ноември покажуваат дека за една недела во Македонија има 7.280 нови случаи на Ковид-19.
„Тестирани се вкупно 19.719 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,3% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 25,5% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.256; 44,7%), со неделна инциденца – 527,2/100.000„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19,9% од новозаразените со Ковид-19 се на возраст од 30 до 39 години
Пет лица биле на возраст од 20 до 39 години: За една недела 127 смртни случаи од Ковид-19
Фото: МЗ