еМагазин
Image default
Бизнис

Во првите девет месеци бројот на домашните туристи зголемен за 33,7%

Во првите девет месеци од годинава бројот на туристите е намален за 60,4 отсто. Земјава ја посетиле 83,8 отсто помалку странски гости во однос на периодот јануари ‒ септември 2019, а пад има и кај домашните туристи за 20,7 проценти.

Според Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во истиот споредбен период е намален за 46,3 отсто – кај домашните туристи за 14,1, а кај странските за 84 проценти.

Бројот на туристите во септември 2020 година бил 44.313 што е намалување во однос на септември 2019 година за 63,9 отсто, додека бројот на ноќевањата изнесувал 117.118 што е пад за 57,5 проценти.

Бројот на домашните туристи е зголемен за 33,7 отсто, но бројот на странските гости е намален за 92,3 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2020 година во однос на септември 2019 е зголемен за 26 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 90,9 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешени директори на АА кои застанаа на страната на Таравари

Редакција

Македонската берза ги исклучи од котација акциите на Струмица табак поради стечај

Редакција

Поевтинуваат бензините, цената на дизелот останува иста

Редакција