еМагазин
Image default
Бизнис

Владата го задолжи Министерството за здравство да склучи договор за набавка на вакцини против Ковид-19

Информација за склучување договор за преземени обврски (обврзувачки договор за набавка), меѓу Владата  и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини против Ковид-19 преку Ковакс механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини и за обезбедување финансиска гаранција за плаќање е усвоена на синоќешната седница на Владата.

„Владата го задолжи министерот за здравство да го потпише договорот без да спроведе една од постапките пропишани со член 47 од Законот за јавни набавки, со оглед на тоа дека овој Договор претставува меѓународен договор со кој се преземаат права и обврски за нашата држава согласно мислењето на Министерството за надворешни работи,“ велат од Влада.

Што пишува во член 47 од Законот за јавни набавки?

Член 47

Видови постапки

Договорниот орган, на начин и под услови утврдени со овој закон, ги користи следниве постапки за јавни набавки:

а) набавка од мала вредност;

б) поедноставена отворена постапка;

в) отворена постапка;

г) ограничена постапка;

д) конкурентна постапка со преговарање;

ѓ) конкурентен дијалог;

е) партнерство за иновации;

ж) постапка со преговарање без објавување оглас и

з) постапка со преговарање со објавување оглас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Спасовски кроеше лозје кај Светозар Јаневски

Редакција

Топ пет компании од Македонската берза со најголема добивка: Големите банки на врвот

Редакција

Душан Пецовски избран за нов член на Управниот одбор на Реплек

Редакција