Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од Ковид-19 се починати 25 лица.
Станува збор за тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75г), тројца од Тетово (46, 77 и 83г), двајца од Прилеп (71 и 79г), еден од Крушево (40г), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62г), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75г), еден пациент од Гостивар (65г), еден од Кавадарци (69г), еден од Крива Паланка (75г), еден пациент од Струмица (70г), еден пациент од Валандово (60г), еден пациент од Пехчево (69г) и еден пациент од Свети Николе (68г).
Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на починати од вирусот се зголеми на 1.263 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 507 лица кои боледувале од Ковид-19
Нови 1.064 случаи на Ковид-19 од 3.096 тестирања
Фото: Министерство за здравство