еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Секој изгубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците и никој не може да ги надомести, велат од МОН

Секој изгубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците и никој не може да ги надомести. Затоа, Министерстевото за образование и наука (МОН) ја поздравува иницијативата од Советот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за интензивирање на преговорите за зголемувањето на платите на наставниците, но не и одлуката да се продолжи со штрајк, се наведува во соопштението од МОН по одлуката на Советот на СОНК да не ги прифати заклучоците од седницата на Владата, и да продолжи штрајкот се додека не се постигне договор по спорните прашања.

Според МОН, неодговорно е да се инсистира на продолжување со прекинот на наставата, во услови кога на наставниците им е понудено решение за раст на платите.

-Разумно е штрајкот да се стави во мирување, а синдикатот да продолжи со преговорите, се до постигнувањето на решение прифатливо за сите страни. Во спротивно, СОНК ќе биде единствениот одговорен за непоправлива загуба на учениците и на родителите. Ги повикуваме наставниците да почнат повторно да делуваат во најдобар интерес на децата и да се вратат на настава.

Зголемување на платите во образование ќе има, како што имаше и во изминатите пет години. Понудено е зголемување за 10 % кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот.

Тоа значи повисоки плати на наставниците за 2.500 денари месечно. Понудивме и методологија со која ќе обезбедиме континуиран раст на платите и трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образование, наведуваат од МОН.

Воедно потсетуваат дека претходно, низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците од 21 %. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874.

-Наставници, ставете го интересот на децата пред својот личен интерес. Местото на учениците е во училиште. Правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право, апелираат од Министерството за образование и наука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОНК ги доведува во заблуда штрајкувачите и ги става личните интереси пред интересите на децата​, велат од Министерство за труд и социјална политика

Штрајкот продолжува: СОНК не чувствува одговорност за прекинот на воспитно-образовниот процес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во хотел во близина на манастирот Бањска, во кој се напаѓачите на косовската полиција

Редакција

Општина Охрид го обнови споменикот во чест на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа

Редакција

Внимателно при движење на Водно: Што доколку ви се појави дива свиња на некоја од планинарските патеки

Редакција