Во изминатите 24 часа во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.
„Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 131 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 694.
Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти на позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациент, во Велес се лекуваат 71 болен, а во Куманово 70 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 96 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 30 болни.
Во болницата во Струмица лежат 22 пацинети, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.
Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 692 лица кои боледувале од Ковид-19
Починаа уште 18 лица од Ковид-19, вкупно 1.281
Нови 1.168 случаи на Ковид-19 од 3.353 тестирања
Нови 54 случаи на Ковид-19 во тиквешко: Позитивни здравствен работник и вработена во градинка
Фото: Министерство за здравство