еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Возач загина по тешка сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица

Тешка сообраќајна несреќа при директен судар на две возила – „волво“ и „цитроен“  се случи синоќа околу 20.45 часот кај месноста Баткова Чешма на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, во која тешко биле повредени двајцата возачи.

Според Итната медицинска помош, едниот починал на пат кон болница, а другиот е хисптализиран во Клиничкиот центар во Скопје.

Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата и притоа сообраќајот бил во прекин околу еден час.

Дополнителни информации се најавени за во текот на денов. Учесниците во несреќата се жители на општина Македонска Каменица.

Според информации на полицијата, синоќа имало уште една несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај месноста Боришјето, каде што возило излетало од патот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден велосипедист по удар од возило во Скопје, возачот побегнал

Редакција

Тешко повредена малолетна битолчанка во сообраќајка меѓу мопед и „Ауди“

Редакција

За еден ден 515 сообраќајни казни во Скопје

Редакција