еМагазин
Image default
Македонија

Министерот Маричиќ: Декриминализацијата на марихуаната може да донесе повеќе поволности

Министерот за правда Бојан Маричиќ говорејќи на „Меѓународната конференција за модели на регулација на дроги“, во организација на Коалиција Маргини и ХОПС, кажа дека е добро што во земјава се отвори широка општествена дебата за декриминализацијата на марихуаната.

Како што соопшти Министерството за правда, според Маричиќ квалитетното регулирањето на ова прашање, може да донесе повеќе поволности за државата и тоа во однос на регулирање на трговијата со марихуана, намалување на криминалитетот и секако економски придобивки, пред сè во туризмот и угостителството.

„Се разбира свесен сум дека ова е комплексно прашање и токму затоа овој процес во суштина мора да биде инклузивен, односно во креирањето на модалитетот како ќе се спроведе декриминализацијата, треба покрај стручната јавност и експертите, да бидат вклучени и невладините, односно граѓанските здруженија кои можат и тоа како да придонесат за квалитетот на решението. Дебатата сега е отворена и трае“, истакнал министерот Маричиќ.

Тој посочил дека ќе се инсистира и ќе се обрне посебно внимание на еднаш донесените закони со кои ќе се регулира ова прашање, доследно и без исклучок да се спроведуваат во пракса, бидејќи во спротивно ќе се доведеме во опасност секој на свој начини да ја толкува декриминализацијата, а со тоа место ред да се воведе во хаос во ова сфера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Лично поддржувам декриминализација на употребата на дрога

Фото: Фејсбук/Маричиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нимиц: Ова е голем напредок, ги охрабрувам лидерите конструктивно да го финализираат Договорот

Редакција

Филипче: Обезбедивме терапија која се покажа како успешна против коронавирусот

Редакција

Продолжува судењето за „Монструм”

Редакција