еМагазин
Image default
Локално

Во Велес на улица пронајдена мртва 71-годишна жена

Вчера во 04.50 минути 28 годишниот Б.Т. од Велес пријавил дека на улица лежи почината жена.

Жената била пронајдена вкочанета како лежи на улица „Вера Циривири“ во месноста Потокот на левата страна од Велес.

Како што информира Верољуб Додевски, портпаролот на СВР Велес, при вршење на увид од страна на полицијата било констатирано дека станува збор за 71-годишната Н.Џ. од Велес.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автобус удри во 11 годишно дете од Скопје

Редакција

(Фото) Акција во Битола „Ова не е паркинг“

Редакција

Кои се најдобрите трговски објекти за апарати за домаќинство, бела техника и се за дома во Скопје за 2019

Редакција