еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев жали за негативните реакции за контроверзното интервју

Нашата државност почива на делата на антифашизмот. Нашата слобода е резултат на антифашизмот. Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија. АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет. Но, давањето етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Дали било тоа во бугарски или било кој друг контекст. Темните страници од балканската и европската историја не треба да бидат пречка за развивањето на добрососедските односи на Балканот и Европа.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во врска со реакциите на неговото интервју за бугарската агенција БГНЕС. Тој изрази жалење што интервјуто предизвикало силни негативни емоции, за кои, како што рече, е целосно свесен и ги разбира до детал.

– Но, во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Унија.

И двата народа, и Македонците и Бугарите, треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме и одржиме капацитет за разбирање и за простување. Европските народи се договорија да не заборават, но да си простат. Заради иднината. Заради заедничката иднина во Европската Унија, која е пример како во име на иднината најдлабоките разлики и историски конфликти беа оставени во минатото.

Тоа е мојата најдобра намера и таа намера постојано ќе ја застапувам додека постои и најмала шанса за решенија и за успех на нашиот процес за членство во ЕУ со старт на преговорите, рече Заев.

Премиерот наведе дека иако постоело затоплување на односите меѓу Југославија и Бугарија по учеството на бугарските армии во борбата против фашистите, по 1948 година факт е дека постоела „железна завеса“ помеѓу Југославија и Бугарија и сериозни историско-политички конфликти околу „македонското прашање“.

– Денес треба да работиме на отстранување на последиците од „железната завеса“ кои се уште се чувствуваат меѓу Северна Македонија и Бугарија. Историјата треба да не учи дека можеме и поинаку, дека можеме и подобро, дека треба да соработуваме, но и меѓусебно да ги почитуваме разликите помеѓу нас, изјави премиерот.

Заев истакна дека само со почитување на разликите и заедничка борба против говорот на омраза и нетолеранција во македонското и бугарското општество можеме да градиме добрососедски односи и заедничка иднина.

– Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да градиме заедничка иднина. Нам ни треба историја која гради мост на пријателство меѓу народите, преку глава ни е од истории кои создаваат раздор и поттикнуваат нетрпеливост. Дајте да живееме денес. Време е да создаваме историја која создава иднина за младите и за идните генерации, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Од песната „Ние не сме Срби, Бугари ни Грци“ ќе остане само “Ние не сме““: Твитер реакции за интервјуто на Заев

(ВИДЕО) Како во бугарскиот Парламент се славеше окупацијата на Македонија

„Заев ја обвини Југославија дека ги разделила Македонците и Бугарите“: Што пишуваат регионалните медиуми за интервјуто на премиерот

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 33.000 лица загинаа во Турција и Сирија по земјотресите

Редакција

(ВО ЖИВО) ДИК на јавна седница ги презентира изборните резултати

Редакција

(Галерија) Душко Чифлиганец: „21st Century Zlatibor Spa & Wellness by Adora“ е апарт хотел кој претставува автентично авторско дело

Редакција