Тројца здравствени работници од Кавадарци се позитивни на Ковид-19, починаа неготинец на 40 и кавадарчанец на 84 години, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Новозаболени се 52 лица во регионот на Тиквешијата, на возраст од 9 до 86 години. Во Кавадарци 28, Росоман 2, Неготино 17 и 5 лица во Демир Капија.
– Денес, од страна на Општина Кавадарци се врши подготовка на земјиштето во кругот на Општа болница, за поставување на модуларна болница односно Ковид центар, соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
МИА/Фото: Општина Кавадарци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.