еМагазин
Image default
Македонија

Во гевгелиско се зголемува бројот на заболените од Ковид-19

Во гевгелиско се зголемува бројот на заболените од Ковид-19. До крајот на месец август, кога бројот на новозаболени од Ковид-19 на дневна основа се движеше во границите на стандардизиран минимум, сега со растечка линија континуирано се зголемува на територијата на општина Гевгелија, потврдуваат графиконите на Институтот за јавно здравје.

Според официјалните податоци, за период од само една недела, од 16 до 22 ноември, бројката на новозаболени од Ковид-19 се зголемила за 55 лица, а во последните две недели бројот на заразени пациенти нараснал за 108 заболени лица.

Од почетокот на пандемијата во Гевгелија со корона вируот се заразиле 491 лице од кои активни во моментот се 154 пациенти. Во последните две недени инциденцата на вирусот изнесува 5,3 отсто, а стапката на смртност е 1,4 отсто, со седум смртни случаи.

Општинскиот штаб за заштита и спасување оцени дека епидемиолошката ситуација во општина Гевгелија е нестабилна и ги повика граѓаните на доследно почитување на мерките за заштита, односно редовно носење заштитни маски, дезинфекција и држење социјална дистанца со цел заедно да ја надминеме здравствената криза и да се вратиме на нормалниот живот.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Членот на Судски совет, Зоран Теофиловски обвинението против него го смета за монтирано

Редакција

Раководството на СДСМ едногласно одлучи Заев да ги одложи оставките од премиер и лидерското место во партијата

Редакција

(Видео) Нè однесе струјата – другарот почна да плива кон другиот другар за да го спаси, но не успеа, вели за Сител првиот Македонец спасен на Халкидики

Редакција