Германскиот канцелар Вили Брант во 1970 година, 25 години по завршувањето на Втората светска војна ја посети Полска, која за време на војната беше окупирана од тогашна нацистичка Германија.
Тој клекна на колена во Варшава, но не побара Полска да ја смени историјата. Денеска двете земји се заедно во Европската Унија.
Да, Бугарите денеска не се фашисти, но за време на Втората светска војна, нивните власти биле во коалиција со Адолф Хитлер.
Наместо ненормални барања нашиот источен сосед за да можеме вистински да градиме пријателство, а не на хартија и со договори, може многу да научи од овој чин на Брант.
Како што Бугарите не сакаат да ги викаме фашисти, ние Македонците, со децении чекаме некој од Бугарија да ни се извини за злоделата кои ги направил бугарскиот окупатор во Македонија за време на Втората светска војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Седница на бугарскиот Парламент по окупацијата на Македонија
Видео: Moments of History/You tube/Фото: rarehistoricalphotos.com