Го зел бугарскиот пасош во 2004 година заради егзистенцијални причини, а денеска револтиран од тековните случувања стружанецот Васко Јолески се откажа од бугарското државјанство и пасошот утринава преку пошта го испрати до бугарскиот конзулат во земјава, пренесува телевизијата 24.
Јолески вели ниедна привилегија која ја нудат европските исправи не е доволна да ја компензира штетата што и се нанесува на македонската држава.
Иако европскиот пасош сега му е и повеќе од потребен за побрзо и полесно да добие ново срце како европски државјанин, бидејќи е на список за трансплантација Јолески сепак го направи овој потег без да размислува на последиците.
Јолески испраќа порака до сите кои имаат бугарски пасоши и доколку се во можност да го следат неговиот пример, пренесува 24.
Фото: ТВ 24