еМагазин
Image default
Балкан

Грчката Влада го спречува профитерството со ПЦР тестовите: Цената не смее да биде повисока од 40 евра

За спречување на профитерство, грчката Влада воведува плафон за цените на тестовите, како за ПЦР, така и за брзите, кои не смеат да бидат поскапи од 40, односно 10 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи Панајотис Стамбулидис на денешната редовна прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција ја соопшти одлуката, објаснувајќи дека во моменти кога голем дел од бизнисите се затворени поради карантинот, а Владата поддржува здрава конкуренција, неопходно е да се спречат случаи на профитерство.

– Министерот за развој и инвестиции во следните денови ќе достави соодветен амандман според кој ќе може да се одредат највисоки крајни цени за добра и услуги неопходни за заштита на јавното здравје и економските интереси на граѓаните.

По гласањето и објавувањето во Службен весник ќе се издаде министерска одлука со која ќе стапат во сила највисоките цени за вршење испитувања за коронавирусот SARS-COV2 за секој од приватните центри што ја нудат оваа услуга, објасни Стамбулидис.

Тој соопшти дека молекуларниот тест ќе чини најмногу 40 евра, а рапид тестовите 10 евра.

Цените на ПЦР тестовите во приватните лаборатории во Грција сега се од 70 до 90 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турски оџа обвинет за сексуално малтретирање на деца, формирање култ со 150 следбеници

Редакција

Со корона вирус заразени и вработени во грчки медиуми

Редакција

Грција меѓу првите земји што го воведе европскиот дигитален ковид сертификат

Редакција