Членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржаа протест со автомобили во 11 градови низ Македонија. Тие упатија порака дека срамот на Зоран Заев не е заеднички и апелираа до сите граѓани да не дозволат да се менува историјата.
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски во видео обраќање ги повика сите граѓани без разлика на партиската и етничката припадност утре да учествуваат во блокадата на Скопје од 12:30 до 14 часот за да испратат гласна порака против погрешните политики на „политичкиот аматер“ Зоран Заев во односите со Бугарија.
Мицкоски однапред се извини за сообраќајниот хаос во Скопје во текот на утрешниот ден.
Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.