Жителите на Жировница се пример како преку здружени сили и домаќинска работа на месната заедница може инфраструктурно да го развиваат селото.
Освен што до сега спречија изградба на хидроцентрала, градат патишта, туристички го развиваат тој крај, тие за оваа година го привршија и проектот за поставување на хидранти.
„Мислам дека Жировница е првото селот во државата кое има поставено хидранти и треба да бидеме пример за тоа. Сложноста на членовите на Месната заедница и довербата што ја имаат од граѓаните е на високо ниво.
Направивме работи што државни институции не се нафаќаат да го прават. Околу 800 метри, изворишните делови на водоводната мрежа ги направивме по сите стандарди,“ вели Даут Јашари за „еМагазин“.
Првиот впечаток кога ќе појдете во селото се неговите средени куќи, улици и работливоста на народот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) На вкусна чорба од печурки во ресторан „Планинска куќа“ во Жировница