еМагазин
Македонија

59 нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, најмладиот има 12 години

Четворица здравствени и двајца просветни работници од Тиквешко се позитивни на коронавирусот, информира доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Од четворицата здравствени работници тројца се од Кавадарци и еден од Неготино. Просветните лица се кавадарчани кои држеле онлајн настава. Центарот бележи и едно починато лице од Кавадарци на возраст од 79 години.

На ниво на Тиквешки регион, евидентирани се нови 59 лица со Ковид-19. Од нив, 41 се од Кавадарци, еден од Росоман, 15 од Неготино и двајца од Демир Капија. Сите се на возраст од 12 до 70 години.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваaт 207

Редакција

Бегалците од Украина ќе бидат ослободени од плаќање гранично осигурување

Редакција

(ВИДЕО) Камерата на Телма фати непристојно однесување на полицаец, додека Боки 13 го носат на носилка од Обвинителството

Редакција