еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кочница придавката „македонски“ и Цар Самоил: Фијаско во разговорите на македонско-бугарската Комисија

Без резултати заврши дводневната 11 средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, информиара на денешната онлајн прес-конференција копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров.

-Треба да констатираме, за жал, дека 11-та средба е нула, нема направено дури ни еден минитјатурен черкор. Сигналите кои веќе ги имавме денешната средба за жал ги потврди, а една од нив е поврзана со на прв поглед технички момент, но суштински политички.

Тоа е откажувањето на нашите колеги по 7. средба да ги потпишуваат записниците. Тие настојуваа насекаде да се стави македонски. Но, блокирајќи го потпишувањето на записниците се става под сомневање нашата рабпота, бидејќи без документ за тоа кои дискусии се водени, какви одлуки се донесени, работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање желба да се работи поинтензивно и со повеќе резултати.

За жал, нашите опсервации покажуваат дека оваа нова позиција на нашите колеги е дел од еден политички однос, од едно убедување за дискредитирање на Бугарија и на државните позиции кои почнаа минатата година, рече Ангелов..

Според него, по однос на суштината на нивната работа, се зборува во Македонија дека Комисијата решила три периоди и се споменува освен старата историја, средниот век дури и раниот период на османливоството на Балканот, но вели, ние сме многу далеку во врска со учебниците кои ги добиваат учениците во 7 одделение за средниот век.

-Нашите забелешки беа околу 14 точки, ние сме на 4. точка. Поврзана е со цар Самоил и заврши без резултат и покажува отстапување од веќе подготвен заеднички текст за двете влади за заедничко чествување на една ваква историска личност.

Многу би сакал наредната година ако работиме целосно навистина да го направиме тоа што се очекува од нас поради потпишаниот Договор за пријателство, рече Димитров.

Драги Ѓоргиев рече дека средбата поминала во академска атмносфера со плодна и многуслојна дискусија која, наведе, за жал, не донесе никакви резулати.

– Во тој поглед можам да се сложам со Димитров, дека и нема резултати од средбата, но понекогаш кога нема резултати и тоа покажува нешто, рече Ѓоргиев.

Потврди дека добар дел од средбата бил посветен на два записника од 9. и 10. средба, а главен проблем бил употребата на придавката македонски, а е поврзана со различно толкување на Преспанскиот договор, од бугарските колеги.

-Тоа беше внесено во Комисијата после 6.средба, нашата страна не беше информирана за тоа, но бугарските колеги почнаа да го практикуваат тој начин на правење записници без притоа тоа да биде споделено со нас и да биде известено и нашето Министерството и можеби консултациите со Министерството ќе придонесеа да се надмине проблемот.

Засега останува проблемот со придавката македонски. За тоа се разговара и на повисоко ниво и се надевам дека ќе се најде решение, рече Ѓоргиев.

Во врска со работатата на Комисијата за претствувањето на Цар Самоил и Самоиловата држава во учебниците по историја за 7 одделение, не е постигната согласност, а главниот проблем според него, е во тоа што се избегнува внесување на една мултиперскептивност во учебниците по историја.

-Идејата да се наметне само едно видување на таа држава всушност резултираше со непостигнување резултати. Беа разменети неколку варијанти и предлози за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно споротивставени гледања за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади и како би требало да изгледаат идните учебници во РС Македонија и во Р Бугарија.

Тука зборуваме речиси на различни јазици, и инсистирањето да се наметне едно гледање на одреден настан и се судија во случај на Цар Самоил и поради тоа не беше постигната никаква согласност, вели Ѓоргиев.

Во однос на Гоце Делчев на состанок било разговарано многу малку, и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело.

За придавката македонски, Димитров реплицираше дека воопшто не станува збор за бугарско гледање на Преспанскиот договор, туку, вели, се работи на замена на теза, односно се инсистира дека во работата на Комисијата некој го става под сомнеж идентитетот и јазикот на граѓаните на РМ.

-Тоа не е вистина. Ако има некои забелешки тие се поврзани со патот кон формирањето на нацијата и идентитетот и таа истоисторија што ја има еден современ јазик тоа се два квалитета на различни работи и не треба шпекулации со емоции на луѓетото, рече Димитров.

Двајцата копретседатели потврдија дека имаат различлни начини на гледање кон интерпретацијата на минатото кон средниот век, како и за Цар Самоил.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Утре Комисијата за заразни болести ќе дискутира дали се потребни дополнителни рестрикции

Редакција

Извештајот за притворот на Катица Јанева стигна во Советот на јавни обвинители

Редакција

Адвокатот Димишков на судењето за „Рекет“: Камчеви сакаа да ме искористат

Редакција