Вицепремиерот Фатмир Битиќи во гостувањето на „Топ тема“ на телевизијата Телма не одговори директно дали поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот министер за финансии Кирил Миновски од претходната владејачка гарнитура се дел од неформалната платформа „За татковината со љубов“, но на прашањето дали тие се дел, тој одговори дека секој што ја сака татковината е дел од тимот.
„Можам да кажам дека и тие двајца си ја сакаат татковината“, рече Битиќи.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.