еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Хакирана Европската агенција за лекови, цел на нападот документите за вакцината на Фајзер и Бионтек

Документите во врска со барањето за одобрување на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 беа хакирани за време на кибер напад врз Европската агенција за лекови (EMA), објави Фајзер.

– Важно е да се напомене дека ниту системот на Бионтек, ниту на Фајзер не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се хакирани, се вели во соопштението на Фајзер.

– Чекаме повеќе информации за истрагата во ЕМА и ќе реагираме соодветно и во согласност со европското право, се додава во соопштението.

– Земајќи ги предвид клучните размислувања за јавното здравје и важноста на транспарентноста, ние ќе продолжиме да даваме јасни информации за сите аспекти на развојот на вакцините и регулаторниот процес, се додава во соопштението.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Границата со Грција останува затворена најмалку до 7 јануари

Редакција

Починаа уште четири лица од Ковид-19, вкупно 760

Редакција

По проекциите во повеќе држави и учеството на бројни фестивали, „Кино Љубов“ ја започнува својата приказна и пред македонската публика

Редакција