еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

По проекциите во повеќе држави и учеството на бројни фестивали, „Кино Љубов“ ја започнува својата приказна и пред македонската публика

По проекциите во повеќе држави и учеството на бројни фестивали „Кино Љубов“ ја започнува својата приказна и пред македонската публика.

Ова уметничко остварување, е продуцирано од Јани Бојаџи и Дејан Милошевски, а сценарист и режисер е Јани Бојаџи.

Во главните улоги настапуваат Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски, како специјална ѕвезда гостин.

Композитор на музиката е реномираниот Горан Трајковски, дизајнер на звукот е Игор Василев, продукциски дизајнер Лазе Трипков, а директор на фотографијата е Иван Зороски.

Премиерата на „Кино Љубов“ ќе се одржи во Киноверзум – Штип во pеток на 13. октомври во 21 часот.

За прв пат се случува македонска премиера на игран филм да се одржи надвор од Скопје. Продукцијата се одлучи за Штип како културен и универзитетски центар во Македонија и град со богата кино традиција.

Киноверзум со нас го споделува нашиот ентизијазам и градовите надвор од Скопје да се етаблираат како кино и филмски центри.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Многу разводи ќе има со изолацијава„: Твитер реакции за корона вирусот

Редакција

Меѓу жртвите има и деца на возраст од 3 години: Во полициската акција во Србија уапсена поголема група педофили

Редакција

Австралија со илјадници војници на улиците на Мелбурн ќе спречува втор бран на корона вирусот

Редакција