Новоизбраниот градоначалник на Штип, Сашко Николов претходно беше пратеник во новиот собраниски состав, но даде оставка на функцијата за да влезе во трката за избор на градоначалник од редовите на СДСМ.
Николов помеѓу штипјани е познат интервентен кардиолог, основач на Одделот за коронографија и интервентна кардиологија во болницата во Штип.
Тој во 2014 година дојде во оваа болница од приватна институција, со цел да придонесе повеќе за развојот на интервентната кардиологија за да се понудат услуги кои беа недостапни за пациентите од Источна Македонија.
Николов со неговиот тим работи интервентна кардиологија и стентирање на сите крвни садови од нозете до вратните артерии. На овој начин се овозможи комплетно покривање на сите пациенти со кардиоваскуларни заболувања.
Дури беше пратеник, Николов изјави дека ќе продолжи да оперира, но не е познато дали тоа ќе го прави за неговиот градоначалнички мандат, кој ќе трае девет месеци до редовните локални избори во 2021 година.
Николов вети дека ќе ја оправда довербата на штипјани и дека градот е во „сигурни раце“.
Фото: Фејсбук/Николов