еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски не планира да свика лидерска средба

Претседателот Стево Пендаровски не планира да свика лидерска средба, велат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.

„И самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите вели дека претседателот на државата не е лидер на политичка партија, а тој бара свикување средба со лидерите на партиите,“ истакнуваат од Кабинетот на Пендаровски.

Премиерот и претсетадел на СДСМ, Зоран Заев денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Рече дека очекува да ја свика шефот на државата Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш иницијативата ќе ја „потегне“ тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, пак, најави дека неговата партија нема да учествува ако лидерската ја организира Пендаровски.

И Заев и Мицковски се согласни  дека на лидерската средба треба да се разговара за корона кризата, евроинтеграциите и други прашања од интерес на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев најави лидерска средба, Мицкоски нема да учествувал ако поканата дојде од Пендаровски

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се исплаќа милионска отштета на лицата неоправдано осудени за „Сопот“

Редакција

Побарано укинување на притворот за професорот што нападна ученик во Струга

Редакција

„До ова не требаше да дојде„, вели креаторот на vaksajns.mk по информативниот разговор во полицијата

Редакција