еМагазин
Image default
Македонија

Димитров: Најавата за моја интерпелација е очаен обид за создавање раскол во Владата

Вицепремиерот за европски прашање Никола Димитров, најавата на ВМРО-ДПМНЕ за поднесување интерпелација за неговата работа во Собранието, ја оцени како очаен обид за создавање внатрешен раскол во Владата и во овој контекст директен напад кон самата држава и нејзините институции.

„Веројатно ќе беше разочарување само за членството и за симпатизерите нивото на кое е паднато Здружението што се претставува како политичка партија, ама фактот што таа групација претендира да е вистинска политичка алтернатива го прави нивното гротескно дејствување дебакл.

Дебакл и за општеството и за целата демократија,“ пишува Димитров на неговиот Фејсбук-профил.

Тој оценува дека најавата за интерпелација во период кога државата е соочена со сериозни предизвици, а тој лично е мета на напади од разни центри што директно се борат против македонските интереси, всушност „само помага самите тие да се нацртаат во графата каде суштински припаѓаат – рамо до рамо токму со тие центри, како тотални политички и државни деструктивци, изгубени и прегазени од чекорот на времето и процесите што им се одвиваат пред нос, додека тие во своите антимакедонски лаборатории го создаваат она од што и самите се изградени – интриги, завери, лаги и конструкции“.

„Очајниот обид за создавање на внатрешен раскол во Владата е на иста линија и оди далеку над политичката прагма и нивната битка против нас како политички противници.

Во ова историско премрежје и овој контекст, ова е директен напад кон самата држава и нејзините институции како столбови и носители на суверенитетот.

Најголемиот пораз за нив, сепак е вистината и фактот што во сите битки на македонската држава денес, предавниците никогаш не биле на оваа страна од приказната. Тоа ќе го суди и историјата, ама и блиската иднина.

Таа тежина е залепена за нивните плеќи и со (само)залажувањето дека е на туѓите станува само поголема и поопасна. Нека си ја носат!,“ додава Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Прв чекор за рушење на власта е интерпелација на Никола Димитров, па на Османи

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца лекари од гостиварската болница позитивни на корона вирусот

Редакција

Убава вест: 407 оздравени од Ковид-19

Редакција

За Јанева нема ПИ-мерка и таа не е следена од страна на Јавно обвинителство

Редакција