еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

МПЦ повика да се почитуваат здравствени мерки и за време на претстојните празници

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), во духот на препораките добиени од страна на Министерството за здравство до верските заедници, препорачува претстојните празници да се прославуваат со одговорност кон јавното здравје, да се почитуваат епидемиолошките здравствени мерки, па Божикните и Богојавленските празници да се прославуваат без нарушување на законските нормативи за јавни собири, определени од Владата.

Тоа, како што соопштија од канцеларијата на САС на МПЦ – ОА, подразбира верниците во храмовите да носат маски, да одржуваат пристојно меѓусебно растојание, а богојавленското осветување на водите во 2021 година да се одржи во кругот на храмовите.

Запазувајќи ги овие мерки, како Црква ќе придонесеме за зачувување на општото здравје на нашиот народ, во овие тешки времиња кога целиот свет е исправен пред предизвикот да се избори против опасниот вирус, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Се очекува втор посмртоносен бран на коронавирус инфекции оваа есен

Редакција

Од Ковид-19 починаа пациенти од Скопје, Куманово, Кичево и Радовиш

Редакција

(Видео) Откриена лабораторија за амфетамин во Скопје и запленета дрога вредна половина милион евра

Редакција