еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Сите детали: Што содржи трговскиот договор меѓу Британија и ЕУ за Брегзит?

Велика Британија и Европска Унија вчера постигнаа согласност за трговскиот договор по Брегзит.

„Со овој договор е испорачано се што и беше ветено на британската јавност за време на референдумот во 2016 година и на општите избори минатата година“, се наведува во соошштението на британската Влада.

Со договорот, кој е напишан на 2.000 страници се регулираат економските односи помеѓу Велика Британија и Европската унија од јануари 2021 година. Двете страни се договорија да се избегнат царини и да се обезбеди трговија со колку што е можно помалку пречки.

Договорот го регулира и риболовот, како и соработката во делот на енергијата, транспортот, правосудството, полицијата и повеќе други прашања.

„Гардијан“ објави неколку поважни точки од договорот:

Меѓу другото, тој предвидува пристап на британските стоки до европскиот пазар без квоти и тарифи.

Државјаните на Велика Британија веќе немаат слобода да работат, студираат, започнуваат бизнис или да живеат во ЕУ односно ќе им бидат потребни визи за престој над 90 дена.

Вработените во ЕУ за деловни активности можат да останат до три години ако се менаџери и специјалисти и до една година за вработените приправници. На оние кои работат на краток рок, ќе им треба работна дозвола и можат да останат за период до 90 дена во кој било период од 12 месеци.

Воздухопловството и превозот ќе продолжат како порано со патнички и товарни авиони кои сè уште можат да летаат и да слетаат во ЕУ, вклучително и стојалишта од Хитроу и други места во Велика Британија, кои потекнуваат од надвор од Велика Британија.

На превозниците исто така ќе им биде дозволено да продолжат да возат без посебни дозволи доделени во ограничен број на земји надвор од ЕУ. Ова доаѓа како олеснување за логистичката индустрија. Сепак, авионите ќе продолжат да летаат со привремен договор.

Со договорот се регулира и прашањето на државна помош. Британските медиуми пренесуваат дека ЕУ инсистирала Велика Британија да се усогласи со правилата за државна помош и дека голем успех е што британската Влада успеала да издејствува да воспостави свој режим на субвенционирање.

Велика Британија излегува од програмата за размена на универзитети, како своевидна казна за инсистирањето на ЕУ дека ако треба да биде асоцијативна членка ќе мора да се посвети на седумгодишен план за плаќање.

Целата сторија на „Гардијан“ ОВДЕ.

Фото: „Гардијан“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европски филмови под ѕвездите: Објавена програмата на Beach film festival Охрид 2024

Редакција

Османи во Берлин се сретна со бугарскиот колега Милков: Провокациите на поединци и групи не треба да ги загрозат добрососедските односи

Редакција

Поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти

Редакција