Видео од наградна игра организирана од Општина Лозово на 26 декември за денот на општината стана хит на социјалните мрежи.
А ова?
Наградна игра во Општина Лозово
“Ние фамилијарно го добивме шпоретот…” pic.twitter.com/yZntS1kS2d— Mile Lefkov (@LefkovMile) December 27, 2020
Една од наградите, шпорет, ја доби ќерката на градоначалникот, Аце Велковски, на чиј што Фејсбук профил одеше во живо извлекувањето на наградите, што предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Во изјава за еМагазин, Велковски вели дека извлекувањето на наградите било транспратено и имало пренос во живо, и како што и вели неговата ќерка во видето, шпоретот ќе биде дониран на фамилија на која и е потребен и дека веќе е исконтактирана социјалната служба.
Твитерџиите фатија “сеир“ и на тоа што додека траел преносот на извлекувањето, „гледачите“ можеа да си нарачат музичка желба.
“Драмата” со градоначалникот на Лозово не престанува!
“…вие сте на ФБ профилот на Аце Велковски..” pic.twitter.com/4sWVNLUyLY— Mile Lefkov (@LefkovMile) December 28, 2020
Фото/видео: Фејсбук/Велковски/Твитер