еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Репортери без граници: Во 2020 година убиени се 50 новинари, повеќето во држави што не се во војна

Педесет новинари се убиени оваа година, соопштија Репортери без граници.

Повеќето од нив беа убиени затоа што работеа на теми како што се корупција или организиран криминал, наведува организацијата во годишниот извештај за слободата на медиумите.

Има и неколкумина кои загинале при известување за демонстрации.

Седум од десет новинари се убиени во земји кои не се во војна. Најопасни земји за професионалните медиуми се Мексико, Ирак, Авганистан, Индија и Пакистан.

Според Репортери без граници, лани биле убиени 53 новинари во светот.

Репортери без граници забележуваат дека стотици новинари починале од Ковид-19, но не е јасно колку од нив се заразиле како резултат на извршување на професионалните задачи.

МИА/Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет дена пред да оди во затвор, Сеад Кочан легна болен

Редакција

Ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи продолжено до 30 јуни

Редакција

(Фото) „Гигантски велосипед“ кој потсетува: Скоро на секој велосипедист му е украден по еден велосипед

Редакција