еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Болничар во САД позитивен на Ковид-19 откако се вакцинирал, во Швајцарија почина лице кое прими вакцина

45-годишен болничар во Калифорнија, САД, е позитивен на тестот за Ковид-19, по една недела откако ја примил првата доза од Фајзеровата вакцина против коронавирусот, објави Еј-би-си њуз.

Кристијан Рамерс, специјалист за инфективни болести во Семејниот здравствен центар во Сан Диего, изјави за подружница на Еј-би-си њуз дека ова сценарио не е неочекувано.

„Од клиничките испитувања на вакцината знаеме дека се потребни околу 10 до 14 дена да започне да се развива заштитата од вакцината“, изјави Рамерс.

„Таа прва доза ви дава околу 50 проценти и ви треба втора доза за да достигнете 95 проценти“, вели Рамерс.

Лице пак кое меѓу првите во Швајцарија било вакцинирано против Ковид-19, почина, соопштија денеска надлежните од кантонот Луцерн, пренесе агенцијата Ројтерс.

Сепак, не наведоа дали смртта е поврзана со инјектирањето, пренесува агенцијата.

„Свесни сме за случајот“, изјави портпаролот, додавајќи дека се е упатено до швајцарскиот регулатор за лекови „Свисмедик“.

Кантонот не објави детали, ниту времето кое поминало меѓу вакцинацијата и смртта на лицето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Европска Македонија доби повеќе гласови од која било партија на кои било избори

Редакција

Црквите и џамиите да се затворат поради коронавирусот: Верниците можат и дома да се молат

Редакција

24 од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 7 неодамна патувале во странство

Редакција