еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти, а вкупно се лекува 348

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 348 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на ОРЛ. Тројца болни се примени на ТБЦ.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 15 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на

Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 92 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 122 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 133 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првиот заболен функционер од Ковид-19, градоначалникот Крстев се ширеле дезинформации дека починал

Редакција

Во ковид – центрите во болниците низ земјава се лекуваат 512 пациенти

Редакција

Во потешка состојба 42 пациенти заболени од корона вирусот

Редакција